Скандинавците сакаат да го исперат валканиот имиџ

81

Банките што се активни во Скандинавија и во Балтик, кои неодамна беа во центарот на афера со перење пари во која беа вмешани Данске банка и Шведбанк, сега се обидуваат да ја поправат сликата, но процесот оди тешко и макотрпно

Минатата недела, во седиштето на шведскиот заемодавец односно Шведбанк, во главниот град на скандинавската земја, извршниот директор Јенс Хенриксон ги призна дефектите на својата институција. – Шведбанк не го направи она што е потребно за да се запре перењето пари. Немаше доволно добро управување и внатрешни контроли – им изјави Хенриксон на новинарите. Признавањето на Хенриксон е дел од пошироката пресметка со перење валкани пари која се спроведува во Скандинавија, регион кој во светот е познат и се гордее со чистата слика со која тој досега беше претставуван.

Банкарскиот сектор, кој долго време се гледаше како модел на транспарентност, барем во склучувањето на договорите на Балтик, сега се покажа како нешто сосема друго. Како што појасни Хенриксон, Шведбанк беше казнета со 4 милијарди шведски круни (370 милиони евра) од страна на шведскиот финансиски регулатор поради слаби контроли врз масовно перење пари во нејзините балтички експозитури, додека надворешниот ревизорски извештај нарачан од самата банка пронајде слични грешки во работењето на институцијата и беа објавени во извештај од 218 страници.Најголемиот заемодавец на Данска, Данске банка, исто така се соочува со сериозни казни за дозволувањето огромни приливи на главно руски пари да минат низ нејзината естонска експозитура без соодветни проверки.

Вртоглави добивки

На ниво на Европската Унија, појавата на скандинавските банки како слаба алка во борбата против перењето пари е повик за будење на Европската комисија додека таа распоредува петта директива против перење пари во земјите-членки. Перењето пари, процес со кој криминалците користат банки и други бизниси за да ги направат лошите средства легитимни, е огромен проблем за властите на глобално ниво. Обединетите нации проценуваат дека меѓу 2 и 5 проценти од глобалното економско производство, што е меѓу 715 милијарди и 1,87 трилион евра, се пере секоја година. Кога скандинавските банки влегоа во балтичките држави во раните 2000-ти, се чинеше дека тие ќе бидат гаранти против секаков вид финансиска злоупотреба што дотогаш беше широко распространета работа во другите делови на поранешниот Советски Сојуз. Дека таквата злоупотреба навидум се најде во рамките на балтичките операции во добро почитуваните институции како Шведбанк и Данске банка е знак на ранливост на ЕУ за приливот на валканите пари, нешто што нејзините лидери се обидуваат да го намалат. – Не сакаме да видиме некоја слаба алка во ЕУ што криминалците би можеле да ја искористат – рече минатата година тогашната европска комесарка за правда, Вера Јурова, додека проблемот во Скандинавија се влошува.

– Неодамнешните скандали покажаа дека земјите-членки треба да го третираат ова како прашање со итност – додаде таа. Времето на Шведбанк на Балтик датира од 1998 година, кога таа инвестираше во локалната Хансабанк пред да ја купи целосно во 2005 година, една година откако Естонија, Летонија и Литванија влегоа во ЕУ.Данске банка ја купи финската Сампо банка во 2006 година, давајќи му го на данскиот инвеститор под контрола целиот балтички бизнис-сектор на Сампо банка. По примената вест дека таму има проблеми со потенцијално перење пари во рамките на балтичките операции на Данске банка и Шведбанк, започна да се појавуваат во јавноста во 2017 година, во едно истражување објавено од страна на новинари.

Штети врз угледот

За двете банки излегувањето на лошите вести во јавноста беше катастрофално на неколку начини. И двете банки забележаа драматични промени во цената на нивните акции и се соочија со големи казни од финансиските регулатори. Данска сè уште чека да слушне колку точно ќе мора да плати.Директорите исто така ги загубија своите работни места. Данске банка го отпушти својот извршен директор Томас Борген во 2018 година. Биргит Бонесен на Шведбанк исто така беше отпуштен од работа минатата година. Бонесен дополнително може да се соочи и со кривични пријави за неговата улога во скандалот, објавија неодамна шведските медиуми.Во меѓувреме, претрпената штета на угледот на банките кај нивните домашни пазари исто така може да биде голема и значајна.

Веста за скандалот со Шведбанк се ширеше додека шведскиот премиер Стефан Лофвен јавно го изразуваше својот бес за аферата. Во меѓувреме, во седиштето на Шведбанк, Хенриксон, главниот извршен директор, назначен во август 2019 година за водење на постапката за расчистување на случајот, ги претстави бројките за заработката од првиот квартал на банката. Регулаторната казна, но и цената која требаше да се плати од извештајот на Клифорд, а која изнесуваше 6,7 милијарди шведски круни, ја испрати банката во црвената недозволена зона. Според Хенриксон, довербата на клиентите во банката е загубена и сега мора да се работи напорно за нејзината обнова.