Најголеми непријатели на САД

309

Иранскиот претседател Хасан Рохани неодамна во говор му порача на американскиот претседател Доналд Трамп „да не си игра со опашката на лавот, зашто само може да зажали“, додавајќи дека „Америка треба да знае дека мирот со Иран е мајка на целиот мир, а војната со Иран е мајка на сите војни“. На тоа веднаш возврати Трамп, кој на Твитер му порача на Рохани дека ќе се соочи со невидени последици ако уште еднаш им се закани на САД. Неодамнешно истражување на Галуп покажува дека мнозинството Американци го сметаат Иран за непријател на САД. Односите меѓу двете земји значително се влошија откако Трамп реши да ги повлече САД од договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година и да воведе нови санкции против Техеран.