Фото: Принт-скрин

Специјален известувач за ФИЛМ+
Шахла Нахид

Пред да почне годинешниот Кански филмски фестивал (одржан од 17 до 28 мај), сите ентузијасти очекуваа да ги видат филмовите селектирани меѓу 2.000 пријавени остварувања од цел свет. Со оваа значајна бројка апликации, тие мислеа дека ќе видат одлични филмови во сите секции, а особено во натпреварувачката програма, каде што и се избира добитникот на престижната „Златна палма“. Но, годинава тоа не беше случај.

Сепак, и покрај недостатокот на квалитет и без чувство на триумф на завршната церемонија, фестивалот имаше 3,23 милиони телевизиски гледачи, што е вистински рекорд, барем три пати поголем од минатата година, кога имаше 875.000 гледачи.

„Златната палма“, по пет години, повторно ја доби шведскиот режисер, Рубен Естлунд, за филмот „Триаголник на тагата“. Се разбира, новинарите и филмските критичари имаат свои фаворити, но тие ретко се поклопуваат со изборите на жирито. За мене и за многу други, „Жената на Чајковски“ на Кирил Сребреников можеше да биде соодветна за оваа награда, но сè додека Естлунд презентира разнобојна, интелигентна и ангажирана приказна, тој исто така е соодветен за оваа награда.