Според филозофијата на фенг шуи, сите предмети во вашиот дом имаат свое енергетско поле, кое може да биде позитивно или негативно. Некои од тие предмети се повеќе од непожелни во ваша близина во просторот каде што живеете, бидејќи со себе носат лоша и негативна енергија и можат да влијаат на здравствените проблеми.
Според оваа филозофија, ходникот се смета за енергетска врата, па затоа е исклучително важно кои предмети ќе ги чувате во ходникот и како ќе ги поставите. Ако го закачите огледалото така што во него се гледа влезната врата, ќе ја направите најголемата грешка, бидејќи со рефлексијата на влезот, сета енергија и можности се отфрлаат од вас, уште пред да дојдат до вас.

Според толкувањата на фенг шуи, на овој начин може да се случи:
– позитивната и добра енергија да го напушти вашиот дом, што може да биде проследено со кавги и нетрпеливост;
– атмосферата во куќата да стане понапната;
– да привлекувате токсични и негативни луѓе;
– да останете без пари, односно огледало во ходникот може негативно да влијае на вашите финансии.