Домување

Во постудениот период од годината поради многу фактори во голем број домови се јавуваат проблеми со влагата. Црните дамки на таванот и ѕидовите не се само естетски проблем. Влагата и мувлата може да им создадат проблеми на луѓето што боледуваат од инфекции и болести на дишните органи.
Затоа, најдобро решение е што поскоро да набавите собни растенија, од кои три особено се издвојуваат по способноста да ја апсорбираат влагата.
Палми: одлични се за контролирање на влажноста. Покрај поголемите палми, кои треба да ги чувате во поголеми саксии, ефективни се и помалите видови.
Спатифилум: листовите ефикасно ја апсорбираат влагата од воздухот, а белите цветови се елегантни, но и декоративни. Ова растение успева и во потемни простории, но треба да внимавате да не му се приближуваат домашните миленици, бидејќи може да биде отровно.
Бршлен: покрај тоа што ја апсорбира влагата и го спречува создавањето мувла, бршленот е корисен и затоа што ги апсорбира штетните токсини од воздухот, како што се бензенот и формалдехидот. За да успее, треба да го ставите на добро осветлено место, но да не биде директно изложен на сончевите зраци.