Домување

Доколку сте љубители на природни домашни производи, може да направите сами средство за отстранување на нечистотијата и за освежување на вашиот дом, и тоа за малку пари.
Состојки:
две чаши топла вода (незовриена)
една лажица течност за миење садови
половина чаша оцет
10 капки масло од еукалиптус
Ставете ја топлата вода во шише со распрскувач (еден литар), потоа додадете течност за миење садови и оцет. Вратете го капачето и протресете. Отворете го капачето и додадете го есенцијалното масло (можете да го користите кое било, маслото од еукалиптус мириса свежо и е одлично за отстранување лепливи наслаги).
Ако можете да набавите стаклено шише со спреј, тоа е уште подобро, бидејќи стаклото подолго ги задржува есенцијалните масла. Овој производ можете да го користите за да исчистите што било во домот – од плочки, преку тоалетот и кабината за туширање, до подови. Чувајте го шишето со домашното средство за чистење на темно место.