Домување

Речиси секој во куќата има шише медицински алкохол. Најчесто се користи за дезинфекција, но можете да го користите и за чистење неколку видови површини.
Медицинскиот алкохол може да ги отстрани трајните дамки од маркери од површини како пластичен ламинат, мермер и слично. Нанесете мало количество и веднаш избришете.
Траги од лак за коса или паста за заби што завршуваат на огледалото во бањата. Испрскајте го со алкохол и избришете. Можете исто така да го користите за чистење мијалници, плочки итн.
Ослободете се од масните наслаги од шпоретот и од кујнските елементи со тоа што ќе ги избришете со сунѓер или со крпа натопена со алкохол.
Чистењето на прозорците на автомобилите во студените месеци може да биде иритирачко. Алкохолот може да спречи формирање мраз. Измешајте половина чаша медицински алкохол со литар вода и нанесете ги на прозорците.
Избришете ги мобилниот телефон, тастатурата на компјутерот и слични предмети со крпа натопена со алкохол за да ја отстраните насобраната нечистотија.
Можете да направите средство за дезинфекција на раце со мешање на две третини медицински алкохол со една третина гел од алое вера. Можете да додадете и неколку капки есенцијално масло за попријатен мирис.