Овие природни препарати ќе ви помогнат да се ослободите од мувлата што ве вознемирува кога ќе ја видите на ѕидот.
Маслото од чајно дрво е најефикасен препарат во борбата против мувлата. Маслото е екстремно скапо, но мало количество може да трае долго време. Растворете две лажици од маслото во 400 милилитри вода, протресете и испрскајте го ѕидот, завесата во бањата или тепихот каде што има наслаги од мувла.

Со оглед на тоа дека чајното дрво има интензивен мирис, како замена можете да употребите екстракт од семе од грејпфрут. За оние што сакаат да користат нешто без мирис, ова е идеално решение. Потребно е да се помеша 400 милилитри вода со 20 капки од овој екстракт. Ова масло можете да го набавите во продавница за здрава храна.

Експертите за алкохолен оцет тврдат дека киселината може да убие 80 отсто од спорите. Оцетот, исто така, се меша со вода, а можете да додадете и неколку капки есенцијално масло за да го ублажите неговиот силен мирис.