Познатата дизајнерка на ентериер Шерил Ајзен, која уредува луксузни вили и куќи на познати sвезди, советува кои се златните правила при уредувањето на домот што ќе му дадат нота на елеганција и луксуз.

Без претерување: преполните полици со дреболии и книги нема да придонесат вашиот дом да изгледа елегантно и уредно.
– Полиците со неколку книги или вазни изгледаат елегантно и скапо. Не заборавајте дека овие избрани парчиња треба да бидат со различни бои и форми за да не бидат монотони – вели Шерил.

Фокус во просторот: секоја соба има потреба од фокусна точка. Ако сè уште немате впечатлив детаљ во дневната соба што ќе го забележи секој ваш гостин, мора веднаш да набавите.
– Голема слика над софата во дневната соба или големо огледало – советува дизајнерката.

Голем тепих: ако живеете на мал простор и ви треба совет барем визуелно да ја проширите просторијата, тепихот е вистинско решение. Неутрална палета на бои, огледало зад софата и огромен бушав килим ќе направат вашата мала соба да стане поголема и луксузна.