Сите љубители на растенија редовно се борат со недостиг од простор и потреба уште повеќе да ја прошират својата зелена империја. Судејќи според трендовите на Инстаграм, тие би можеле да се најдат во уште поголем проблем, бидејќи годинава домашните дрвја се апсолутен тренд.

Фикус
Колку е поголем, толку подобро. Можете да купите голем примерок во градинарски центри. Тој не бара посебно одржување, па, така, и почетниците ќе се снајдат добро. Исклучително се вклопува во просторот.

Парлор палма
Овие примероци на тропски палми може да растат многу големи, а во вашиот дом веднаш ќе го внесат духот на џунглата. Потребни им се светлина и наводнување еднаш неделно, а исто така се едно од оние растенија што може лесно да се одгледуваат.

Маслиново дрво
Маслинката е омилена билка што ја сакаме во ентериерите веќе неколку години, а може да ја одгледуваме во тегли. Многу е лесна за нега, во зима треба да се чува во стан на осветлено место, а напролет или налето на отворено. Ѝ одговара почва за кактуси, а пожелно е добро да се исцеди садот со камчиња. Не е потребно многу да се залева, само кога подлогата се суши, а вишокот вода од садот треба да се исцеди за да се спречи гниењето на коренот.

Пачира
Билката за привлекување пари, како што популарно се нарекува, пачира акватика, е апсолутен хит во секој ентериер. Според фенгшуи, ова растение носи среќа и добра енергија. Со својот заводлив изглед, пред сѐ поради испреплетеното дрво, тоа е идеален цимер за вашите растенија. Ако немате трпеливост да чекате да порасне, купете веќе пораснато дрво во градинарските центри.

Драцена
Драцената е растение за добредојде на списокот на оние за кои не треба да се грижиме многу. Скромно, со препорачано наводнување еднаш на секои две недели, ова растение е идеално за секој агол од станот. Со голем примерок ќе постигнете ефект на шума и природа во вашиот ентериер.