Неколку совети за совршено негувана орхидеја

Орхидејата се смета за цветна принцеза, а поради нејзината нежност, многумина мислат дека не ѝ треба многу грижа. Покрај двете основни работи, водата и светлината, има уште некои детали што ќе ви помогнат оваа убавица да опстои што подолго.
Обезбедете ѝ воздух: Орхидејата е цвет што не може да преживее во затнат простор. Обезбедете ѝ доволно воздух и погрижете се секојдневно да го проветрувате просторот. Ако видите дека некое место не ѝ одговара, задолжително преместете ја.
Не занемарувајте го пресадувањето: Ќе знаете дека е време за пресадување кога на површината ќе видите корени од орхидејата. Не игнорирајте ги, бидејќи тоа е знак дека ѝ треба повеќе простор. Во никој случај не смеете да дозволите орхидејата да остане во иста саксија две години.
Керамичка саксија: Пожелно е орхидејата да се стави во керамичка саксија, бидејќи ја впива влагата, но не ја задржува долго време. Исто така, погрижете се да има отвор на дното за да може вишокот вода да исчезне.
Кисела вода: Многу е важно да се биде умерен при наводнувањето, бидејќи од вишокот вода орхидеите лесно можат да венеат. Премногу влага води до гнили корени. Обично се полева на секои седум дена, а бидејќи ѝ е омилена киселата вода, можете да ја полевате и со дождовница во која сте додале две-три капки лимон.