Нема подобро чувство од тоа кога земате мека и нежна крпа во раце, но и нема полошо чувство од тоа кога ќе се избришете со груба крпа, особено на лицето. Иако на ќесињата и на шишиња со течен детергент секогаш е прецизирано колку детергент треба да се додаде во машината за време на перењето, ние често додаваме малку повеќе од препорачаното, па со текот на времето, детергентот и омекнувачот го оштетуваат материјалот од кој се направени крпите, поради што тие повеќе не се меки како кога сме ги купиле и апсорбираат помалку вода кога сакате да се избришете по капење.
Меѓутоа со еден едноставен трик можете да ги вратите во живот старите крпи. Кога перете крпи, поставете ја машината за перење на највисоката можна температура. Наместо детергент, додадете чаша бел оцет во машината. За време на циклусот на плакнење, додадете половина чаша сода бикарбона. Оцетот ќе раствори големи количества од насобраниот детергент во машината, ќе ги омекне крпите и ќе ги отстрани непријатните мириси. Содата бикарбона, пак, ќе помогне да се отстранат остатоците од детергентот и дополнително ќе ги омекне крпите.