Трендовите се менуваат од година на година. Некои брзо се забораваат, некои се враќаат, а некои се надградуваат со текот на годините. Но присуството на природните материјали во ентериерот е сè уште топ-тема. Дрвото е на прво место, особено она на кое се видливи прстените, дезените и сè што до неодамна се сметаше за несовршенство, како што се нерамнини и слично.
Оваа година акцентот е ставен на егзотичното розово дрво. Особено дрвото со патина и она на кое има видливи траги на абење или боја, од кое може да се создадат комплетно нови и уникатни дизајнерски парчиња. Кога зборуваме за дрвените подови, начинот на редење во форма на рибина коска се враќа на голема врата.
Внесувањето природни материјали и растенија во домот создава впечаток на поврзаност со природата, а истовремено и чувство на топлина и пријатност.