Домување

Додека се обидуваме да го украсиме нашиот дом за да изгледа удобно, елегантно и модерно, честопати правиме големи грешки. Понекогаш причината е приврзаноста кон старите работи што ни е жал да ги фрлиме, понекогаш избираме лоши бои, а понекогаш се водиме по мода што трае кратко. Следните детали треба да бидат извадени од домот, бидејќи се целосно застарени!
Седум слона
Еднаш, многу одамна, секоја куќа имаше по седум слона на полицата за книги. Денес овие фигурини им припаѓаат на застарените детали, кои треба да се отстранат и да се заменат со поедноставна декорација.
Декоративни ладала на ѕид
Друг детаљ од минатото што го прави просторот да изгледа помал. Наместо големи ладала, денес најдобра опција е збир од три декоративни постери или прекрасна слика.
Старински лустери
Познатите лустери со украси што висат, денес се заменети со поедноставно осветлување, кое е физички помало, но дава многу повеќе светлина.
Впечатливи златни детали
Наспроти верувањето на многу луѓе, овие детали не изгледаат скапо, туку евтино.