Украсете ги ѕидовите и вратете ја топлината во домот

222

Не мора да потрошите многу пари за украсување на ѕидовите, за да ја направите внатрешноста на вашиот дом поубава, потопла и поинтересна. Искористете ги предметите што сигурно веќе ги имате, додадете допир на љубов, станете креативни и започнете со акција.

Прочитаните весници и списанија искористете ги за декорирање – списанијата и весниците се полни со убави фотографии и илустрации. Изберете фотографии што ви се допаѓаат и залепете ги на sидовите. Бидете креативни.

Стари фотографии – нема подобар начин да ја вратите топлината во вашиот дом од тоа да ги истакнете фотографиите на луѓето што се драги за вас. Со помош на интересни фотографии што ве навраќаат на некои убави минати моменти, ќе уживате и ќе се сеќавате на драгите спомени секој ден. Можете да направите семејно стебло на вашиот ѕид или, ако сакате да изгледате поорганизирани, ставете ги фотографиите во рамки и направете вистинска ѕидна уметност.

Користете ткаенини – старите парчиња облека, марами или шалови од кои сакате да се ослободите може да ви користат за декорирање на ентериерот. Закачете некоја ткаенина со интересен дизајн на ѕидот, и кога ќе ви здодее, едноставно заменете ја со нешто друго. Вашиот дом ќе изгледа потопло и повесело.