Сончевите колектори идеално решение за намалување на сметката за електрична енергија

265

Денешните домаќинства традиционално се поврзани на локалната електрична мрежа. Потрошената енергија се мери и соодветно се наплаќа. Меѓутоа, современиот човек покажува сѐ поголема заинтересираност за енергетска независност, со што би си ги намалил трошоците за живот, бидејќи сметката за потрошена енергија е еден од најголемите трошоци во семејниот буџет.

Најголемиот извор на обновлива енергија е сонцето. Енергијата добиена преку процесот на фузија се шири во универзумот во облик на светлосна и топлинска енергија. Енергијата на сонцето може многу ефикасно да се искористи за производство на топлина, неопходна за греење на просторот и греење на водата. Од вкупната потрошена енергија од страна на човекот, дури 75-80% се троши за греење на просторот и водата.

Затоа најпрепорачливо решение за намалување на сметката за електрична енергија е поставување соларен систем.
Сончевите колектори со помош на сончевата енергија ја затоплуваат водата или некоја друг некој друг флуид што циркулира низ нив. Системите за загревање на водата може да бидат отворени, при што водата што треба да се загрее поминува директно преку колектор што е поставен на покривот. Затворените системи работат на тој принцип што сончевото зрачење загрева флуид што циркулира низ колекторот, а топлината од загреаниот флуид се предава во водата.

Во текот на денот, ако има директно сончево зрачење, водата може да се загрее само во колектори. Ако времето е облачно, колекторите помагаат да се загрее водата и со тоа да се намали потрошувачката на енергија.
Соларниот систем се состои од сончев колектор што се наоѓа на покривот, резервоар за вода и регулатор. Во таков затворен систем се користи пумпа за циркулација на некој флуид, а тој не замрзнува во зима, а ја пренесува енергијата собрана во резервоарот. При инсталирањето сончеви системи важно е да се земат предвид вистинските енергетски потреби, површината на колекторот, колку енергија може да произведе, системот и големината на резервоарот, квалитетот на уредот и поврзувањето со системот за греење.

Соларните системи може да обезбедат целосни потреби за топла вода и значително количество на греење. Ако е нискоенергетски објект или пасивна соларна куќа, која е термички изолирана и инсталирана за греење на подот или ѕидот (температура на водата до 35 степени), во тој случај, сончевите колектори можат целосно да обезбедат топлина потребна за греење и вода.