Ќе претставиме неколку промени што корисниците на „тесла“ би сакале да ги видат во новиот и ребрендиран „тесла модел С“

„Тесла моделот С“ беше првиот функционален автомобил на „Тесла“, кој веднаш стана хит. „Моделот С“ постои од 2012 година и таа година ја освои наградата автомобил на годината на автомобилските награди на „Мотор тренд“. Револуционерниот седан има потреба од редизајнирање, од таа причина автомобилската фирма „Тесла“ го менува и го подобрува „моделот С“. Компанијата сепак сè уште не се има посветено целосно на новата верзија, но љубителите на „тесла“ бараат да видат новитети во стариот „модел С“.

„Моделот С“ е добар автомобил, но побарувачката низ годините опаѓа, а потрошувачите не се толку возбудени за овој модел како порано. Продажбата делумно опаѓа поради тоа што „моделот С“, кој иако е брилијантен, веќе е застарен, а во меѓувреме излезе поевтиниот и понов „тесла модел 3“.

Седум години се повеќе од доволно време за производителите на автомобили да дозволат ребрендирање на одреден модел на автомобил. Нови дизајни на одреден модел на автомобил типично се менуваат на секои пет до седум години, со неколку мали освежувања во циклусот на одредениот модел. „Тесла“ неколкупати го менуваше „моделот С“. Од автомобилската компанија велат дека со новите надградби во софтверот во автомобилот, на сопствениците може да им се создаде впечаток на сосема нов автомобил. Но, сепак, дизајнот на автомобилот е од почетокот на 2010 година. Тоа значи дека до крајот на декадата нормално е да стане здодевен, иако овој модел беше предвиден да трае подолго. За да се овозможи ова, има неколку карактеристики што љубителите на „моделот С“ би сакале да ги видат во новата и ребрендирана верзија на автомобилот.

Редизајнирање на надворешниот дизајн
„Моделот С“ беше лансиран во 2012 година. Дизајниран од Франц фон Холцхаузен, неговиот дизајн е првиот чист дизајн на замислата за тоа како автомобилите „тесла“ би требало да изгледаат. Неколку години подоцна, „моделот С“ беше малку преработен, најголемата промена е губењето на конусниот изглед на предната маска.

Поголем избор на бои
„Моделот С“ може да се нарача во пет бои, при што црвената е најскапа и најубава. Не мора да се овозможи продукциска верзија на „тесла“ во зелена боја, но може да се даде поголем број избор од живи нови бои, кои на одреден начин ќе го живнат стариот добар „модел С“.

Повеќе верзии од „моделот С“
Најбрз „модел С“ е „П100Д“, кој може да постигне од 0 до 60 километри на час за околу 2,5 секунди.

Да се редизајнира внатрешноста на „моделот С“ и да се овозможи полуксузен интериер во автомобилот
„Тесла“ воведуваше внатрешни измени во „моделот С“ низ текот на годините, но купувачите би сакале да видат некои сериозни промени во редизајнираната верзија.

Нова контролна табла
„Моделот 3“ нема други инструменти што покажуваат брзина и вртежи, но има контролна табла на која има прикачено уред за интеракција. Недостигот од традиционални инструменти сите корисници не ги сакаат и бараат време за навикнување, но овој пристап може да даде нов осврт на „моделот С“ и да го обнови.
Едно од последните побарувања на љубителите на „тесла“ за „моделот С“ се повеќето опции за тркала. За сегашниот „модел С“, постојат две опции за избор на тркала, 19-инчни и 21-инчен избор. Корисниците бараат барем двојно повеќе различни дизајни на тркала за новиот „модел С“.