„Астон Мартин“ го откри својот прв мотор „АМБ 001“. Новиот мотоцикл ќе чини 120.000
долари, а ќе бидат направени само 100, и се очекува да се појави на пазарот во 2020 година.

„Астон Мартин“ неодамна го откри својот прв мотоцикл, „АМБ 001“, создаден во партнерство со англискиот производител на мотоцикли „Броу супериор“. Истите луѓе што дизајнира автомобили на „Астон Мартин“ истовремено работеа и на дизајнирање на новиот мотоцикл „AMB 001“. Целото акумулирано искуство на дизајнерите и инженерите се прикажа во самата креација на велосипедот, вели извршниот потпретседател на „Астон Мартин“ и главен директор за креативност, Марек Рајхман, во изјава за „Бизнис инсајдер“.
– Ова е она во што ние веруваме дека треба да претставува врвен мотор и ние сме многу горди што првпат ги гледаме крилјата на „Астон Мартин“ на мотор. Готовиот производ е навистина убав мотоцикл, дизајн и инженерско уметничко дело – вели Рајхман.

„АМБ 001“ исто така служи како прв производ на партнерството помеѓу „Астон Мартин“ и „Броу супериор“. Новиот елегантен мотоцикл на две тркала беше откриен на миланското шоу за мотоцикли ЕИЦМА. „АМБ 001“ има тежина од 180 килограми и поседува менувач со шест брзини. Мотоциклот е напојуван од турбомотор „в-твин“, кој произведува 180 коњски сили. За жал, нема објавено информации и повеќе детали за неговата брзина.

Овој мотоцикл ги поседува традиционалните бои на „Астон Мартин“. Тркалата, двојните предни виљушки и склопките на сопирачките се со мат црна боја. Седлото е рачно зашиено и изработено од кожа „оксфорд тен“, исто како во луксузен автомобил, вели производителот на автомобили. Исто така, седлото одговара на рачно изработените кожени држачи за рака. Страничните делови на „AMB 001“ се изградени од јаглеродни влакна. Тие се инспирирани од страничната линија што е застапена кај автомобилите на „Астон Мартин“. Предниот дел на мотоциклот обезбедува поголема аеродинамичност на возилото. Преземајќи ја својата инспирација од новата серија автомобили со средна класа мотор на „Астон Мартин“, тимот на „Астон Мартин дизајн“ работеше на развивање јасни принципи за формата и функцијата на мотоциклот.

– Дизајнот и инженерството мора да работат заедно, тоа резултира со мотоцикл што има високи перформанси и претставува ремек-дело – се наведува во изјавата на производителот на автомобили.

Иконското лого од крилја на Астон Мартин може да се забележи на не’рѓосувачкиот челик кај предницата и резервоарот на мотоциклот. Ќе бидат произведени само 100 примероци од мотоциклот „АМБ 001“. „АМБ 001“ ќе има цена околу 108.000 евра, или околу 119.559 американски долари, без вклучен ДДВ, а првите испораки се наменети за крајот на 2020 година.