Скриено во длабоките шуми на западот на Англија, меѓу неверојатните отворени патишта и необичните британски колиби, е шармантното седиште на компанијата „Вилијам Ијансон Лтд“. Тие се специјалисти за продажба на колекционерски автомобили од сите страни на светот, а нивните простории се изложбен салон на многу колекции на возила за кои се грижат ентузијасти за овие вредни примероци на четири тркала. Со други зборови, ова е работна средина поттикната да функционира од страста кон убавите автомобили и мототркањето.

Пристапот до ова навистина удобно место е преку чакален пат, што предизвикува неверојатно искуство и чувство кога се влегува. Влезот е конструиран навистина специфично и, кога вратите се отвораат, водат директно до главниот изложбен салон. Во него се претставени најразлични стари автомобили, сувенири, материјали и амбиент во кој сите овие аспекти неверојатно се совпаѓаат.

Во предниот и среден дел е поставен „Мерцедес-Бенц“ со енергична црвена боја и врати што се отвораат на необичен начин. Автомобилот е од 1955 година. На другата страна од собата се поставени и неколку возила „бугати“ од пред Втората светска војна, беспрекорно „порше 911 тарга“, исклучителен „лотус 15“ со алуминиумска каросерија, тркачка „кортинa“ и сличен „МГБ“. Во следната просторија се поставени и многу други автомобили, од возила „формула 1“ до најстарите концепти на мотори создадени во 20-тите и 30-тите години на 20 век.

Основачот на оваа необична продавница Вилијам Ијансон вели дека интригантната колекција на автомобили и сувенири е собрана во период од долги години и појаснува дека старите возила му биле животна пасија. Тој го минал своето детство со својот татко на мотопатеките низ светот и така му се создала поврзаност со автомобилите. Неговиот колега Бен Мичел, кој исто така директно работи и е вклучен во овој проект од мали нозе, бил поврзан со мотоспортот и се натпреварувал во трки со картинзи, егзотични спортски автомобили, а дури и тестирал возила на трките „Инди кар“ во САД.
Вилијам Ијансон денес ја држи оваа неверојатна продавница и во неа не е сè околу уникатноста на машините, но и животниот стил што оди рака под рака со нив. Животите на луѓето што поседуваат олдтајмери гравитираат околу овие возила и огромно е влијанието на возилото врз човекот.

Луѓето во овој дуќан со автомобили со историска вредност навистина уживаат во работата и тука навистина прилега да се примени онаа изрека на Конфуциј, која вели „избери работа што ја сакаш и нема ра работиш ниту еден ден во животот“. За овој случај навистина е сто проценти точна. Работно место полно со автомобили и сѐ околу нив, оваа институција навистина е рај за луѓето што живеат за автомобили.