Старите автомобили посакувани и денес

260

Педесеттите години на минатиот век беа златната доба во однос на дизајнот на автомобилите. Тие потсетуваат на автомобили со долги линии, а футуристичките опашки се карактеристиките што ја дефинираат целата ера. Во 1950-тите имаше големи промени во автомобилската индустрија. Веднаш по Втората светска војна, автомобилските произведувачи на виделина донесоа нови стилови и технологија при што во дел од автомобилските серии на автомобили излегоа исклучително луксузни возила. Истите луксузни автомобили, кои сѐ уште се посакувани и го издржуваат тестот на времето денес.

Производителите на автомобили донесоа различни стилови и концепти, кои недостигаат од претходните верзии на автомобилите. На пример, во 1950 година, автопроизводителите го воведоа концептот за кабриолет, кој беше многу баран. Понатаму во 1951 година, повеќето производители на автомобили се концентрираа на производство на автомобили-седани со четири врати и постепено воведуваа автоматски менувачи. Во 1952 година беше забележан најдолгиот застој во производството на автомобили во светот, поради штрајкови во челичната индустрија во САД. Но покрај падот на индустријата, хидрауличниот систем за сопирање беше воведен подоцна истата година. Употребата на системите за серво-волан и климатизација во автомобилите се случи во 1953 година. Од 1954 до 1956 година, повеќето автопроизводители се концентрираа да ги прават автомобилите побезбедни.

На пример, создавањето копче за затемнување на високите зраци светло кога се приближува автомобил од спротивната страна, кое почна да се користи во 1956 година. До 1957 година повеќето возила биле опремени со автоматски менувачи. Кон крајот на 1950 години, „фолксваген“ стана најпопуларниот автомобил во светот, а „Шевролет“ прави неверојатни промени во задниот дел на автомобилите. „Форд“ излезе со луксузниот „континентали“ додека „олдсмобил“ целосно го редизајнира своето тело. Деценијата создаде некои од најдобрите класични автомобили, но има неколку што се истакнуваат во однос на другите. Во продолжение ќе понудиме поглед на три од најинтересните класични автомобили од 1950 до 1960 година.

„Кадилак купе де виле“ од 1959 година
Несомнено, „кадилак“ е еден од најкласичните автомобили што некогаш постоеле во светот. Неговиот иконичен изглед го направи популарен и баран автомобил и од луѓето што не се интересираат многу за автомобили во 50-тите години на минатиот век. Неговиот бензински мотор В8 нуди моќност од 325 коњски сили. Неговиот заден дел доби надградба за да ја намали звучноста на возилото. А сепак го задржа својот традиционален мазен стил. Првичната цена на автомобилот изнесуваше 4.600 долари.

„Бентли р-тип континентал“ од 1952 година
„Бентли р-тип континентал“ останува еден од најпопуларните луксузни автомобили во поствоената ера. Неговиот блескав стил, мала тежина и брзина за брзо направи го време најпопуларен автомобил. Напојуван од 4,6-литарски мотор В6, кој произведува 130 коњски сили и достигнува максимална брзина од 101 километар на час. Моторот што е преработен со четирибрзински мануелен менувач дава подобро искуство при возењето. Неговата оригинална цена се проценува на 18.000 долари.

„Мерцедес бенц 300СЛ“ од 1955 година
„Мерцедес бенц 300СЛ“, прв во СЛ-класата, се истакна со своите „галеб-крила“. Исто така, во 1955 година претставуваше најбрзиот автомобил во светот, а наедно користеше технологија за директно моторно вбризгување. Изграден со користење заварени алуминиумски цевки кај моторот за да се направи полесно, но посилно возило. Дизајнерите го спуштија воланот за тој да му биде полесно достапен на возачот во неговата кабина. Имаше голема побарувачка и уживаше во успехот на моторните трки, благодарение на бензинскиот мотор со директно вбризгување што ја зголеми неговата моќ за речиси 25 отсто. Неговата првична цена била 16.000 долари.