Како „димаксион“ од 1930 го смени автомобилскиот дизајн

683

Дури и ако никогаш не сте слушнале за Бакминстер Фулер, доколку сте шетале по светот, веројатно, сте ја виделе неговата работа, неговите популарни геодетски структурни куполи. Бакминстер Фулер е веројатно најпознатиот изумител на геодетски куполи. Општо земено, геодетската структура претставува сферична структура, која е изработена од прави линии, кои во финалната форма даваат заобленост. Геодетската структура користи серија кратки, меѓусебно поврзани линии, кои даваат форма на заоблена површина. Но познатиот геодетски дизајнер е нешто помалку познат по неговиот изум, автомобилот наречен „димаксион“.

Фулер во 1933 година го дизајнирал „димаксион“ што претставува прототип од возило во форма на цепелин. „Димаксион“ е создаден да потроши еден литар алкохолно гориво на поминати 13 километри. Филозофијата за визионерскиот дизајн на Фулер зад „димаксион“ како одржливост, технологија и човечко центричен дизајн, е целосно втемелена во архитектурата денес, вели архитектот Норман Фостер за Си-ен-ен.
– Влијанието на Баки е огромно. „Димаксион“ доби голема популарност меѓу, неверојатно, големиот број автомобилски ентузијасти. Во 2011 година беше направен документарен филм „Последниот ’димаксион‘: Враќањето на сонот на Бакминстер Фулер“, и тој се одликува со искази од познати обожаватели на автомобили, кои ги посочуваат разните естетски аспекти и наследството што го остави овој автомобил – вели Фостер, кој работеше со Фулер повеќе од една деценија пред неговата смрт во 1983 година.

Автомобилот „димаксион“ не изгледа многу како автомобил, особено покрај неговите современици како огромните автомобили од 1920-тите и 1930-тите години. Тоа е затоа што Фулер предвидуваше овој прототип да може да патува не само на копно, туку во воздух и под вода. Затоа често Фулер не сакал овој прототип да го нарекува автомобил. Уште поинтересно е што автомобилот има три тркала, заден мотор и е доволно голем за да собере десетина патници.

Идејата за ваков прототип автомобил била навистина возбудлива за повисоките слоеви на американското општество во 1930-тите, вклучувајќи ги Амелија Ерхарт, Хенри Форд и Исаму Ногучи. Но само три прототипа автомобили „димаксион“ биле произведени, како резултат на скандалозната несреќа на „димаксион“, практично пред портите на Светскиот саем во Чикаго во 1933 година. Желен за подетален преглед на тоа што весниците го нарекуваа „откачен автомобил“, комесарот на Саут Парк во Чикаго возел премногу близу и се удрил во автомобилот „димаксион“ прототип еден. Неоткриениот прототип еден се превртел, убивајќи го возачот и повредувајќи ги неговите патници, добро познат шкотски шпион и министер на француската влада. Автомобилот на политичарот бил отстранет од местото на настанот пред пристигнувањето на полицијата, па затоа „димаксион“ бил обвинет за несреќата, според книгите на Фулер напишани за еклектичките дизајни.

Денес „димаксион“ може да биде предмет на колекционерство, но неговото наследство го пробива современиот свет, поттикнувајќи истражувачки проекти за дизајнирање ново урбано возило на иднината, вели Фостер. Очигледна е споредбата со автомобилот „тесла“, најуспешната фузија до денес меѓу традиционалниот дизајн на автомобили и одржливата технологија. Проектот на Фулер со „димаксион“ е исто така „паралелен со сегашното истражување на „Гугл“ за трансформација на конвенционалните автомобили во роботски контролирани возила, вели Фостер. Дизајнот на Фулер е исто така очигледен и во други автомобили со три тркала, како автомобилските проекти З-автомобил со водород на Заха Хадид или електрично возило „апера“, предводени од архитекти или дизајнери на производи.