Хумана страница

Учениците Теодора Колевска, Горазд Ивановски, Стојан Танев, Бранко Стојчевски, Јована Бојковска, Ангела Величковска и Лука Вељковиќ од државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ од Скопје, под менторство на нивниот професор по музичка уметност Илче Младеновски, најдоа прекрасен начин да ги честитаат празниците што доаѓаат.
Имено, со нивната гостинка во изведбата, младата пејачка Мими Јовановска, ја снимија познатата „Божиќна песна“.

Поради ситуацијата предизвикана од пандемијата на ковид-19 секој ученик, како и менторот и младата пејачка од својот дом со помош на родителите и блиските роднини ја отпеаја оваа убава празнична песна.
Оваа изведба е поставена на Јутјуб и веќе наиде на многу позитивни реакции и пофалби упатени до талентираните ученици, но и до нивниот вреден и посветен наставник.
Доколку не сте ја слушнале песната, тоа можете да го сторите на следниот линк: