Го чекаме сите снегот,
низ полето и на брегот.
Да обели гранки,тревки,
обравчиња детски кревки.
Нека врне не е страшно,
сито сее бело брашно.
Тивко килим бел се реди,
една, а можеби и две педи.
Улиците светат тесни
низ нив јурат санки бесни.
И сѐ така дур се стемни,
одмор малку, па пак спремни.

Сашо Бетоски