Ракометарите на Металург, денеска (19 ч.) во Москва, ќе го имаат првиот тест за проверка на формата и уиграноста на екипата. Во рамките на пријателскиот турнир во овој град, противник ќе им биде рускиот првак Чеховски Медведи,
Покрај домаќинот Чеховски Медведи, ривали на Металург на подготвителниот турнир ќе му бидат и белорускиот првак Мешков Брест (утре 14 ч.) и романскиот состав Стеауа (сабота 14 ч.).

Металурзите на овој турнир ќе настапат некомплетни, без кадетските репрезентативци Мартин Серафимов, Дарко Кондев и Михајло Младеновиќ, кои моментно настапуваат за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство (СП) за ракометари до 19 години, кое се игра во Скопје.

По турнирот во Русија, скопјани ќе продолжат за Кањижа (Србија), каде што ќе го имаат вториот контролен турнир во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
На турнирот во Кањижа (22-25 август), се очекува да се приклучат кадетските репрезентативци, така што тренерот Дамир Стојановиќ за дуелите со Нексе (вицешампион на Хрватска), Партизан (Србија) и со Рамат Шарон (Израел), на располагање ќе го има комплетниот состав.