Ајде да видиме

Тибетанците се познати по своето мудро и смирено родителство. Нивното воспитување на децата го восхитува светот, а еве и зошто.
Тие имаат четири фази во воспитувањето на децата и стриктно се придржуваат кон тоа, па затоа нивните деца стануваат среќни и задоволни луѓе.

Прва фаза: пред детето да наполни пет години
Во овој период на детето се гледа како да е главно во домот. Не се казнува и ништо не му е забрането. Децата помлади од пет години ги карактеризира љубопитство, активни се и подготвени да го истражат светот. Бидејќи нема искуство, детето може сериозно да се загрози себеси. За да го заштитите не викајте по него и не пцујте, туку пренасочете го неговото внимание на нешто друго.

Втора фаза: дете од пет до десет години
Во оваа фаза родителите ги третираат децата како „робови“, но никогаш кон нив не се однесуваат лошо. На оваа возраст кај детето се гради логиката, се развива интелектот. Важно е да му се покажат примерите што може да ги следи. Сепак, не смеете да го преоптоварувате детето со своите желби.

Трета фаза: дете од 10 до 15 години
На оваа возраст на децата се гледа како на возрасни луѓе. Тибетанците ги прашуваат децата за совет и им ја поттикнуваат независноста. Можете да му сугерирате како да се однесува, но не смеете да му наредувате или нешто да му забранувате. На оваа возраст треба да го насочувате детето, да го охрабрувате и да го одвратите од лошото однесување.

Четврта фаза: од 15 години нагоре
До 15-та година кај детето се завршува процесот на формирање на личноста. Од сега треба да го почитувате својот наследник. Што сте направиле досега, сте направиле. Тибетанците сметаат дека е најважно во раната возраст да го воспитате своето дете, по 15-та тој е веќе човек!