Tечност создадена пред 50 години од НАСА може да го убие ракот

1374

Течноста наречена ферофлуид навистина изгледа како да е излезена од научната фантастика. Била создадена од НАСА за да го пренесува горивото во вселената, а можеби наскоро ќе почне да се користи за управување и за движење на лековите низ вашето тело. Денес неговата употреба сѐ уште не е распространета и не толку користена. Кај ферофлуидите се појавуваат шилци кога ќе се примени магнетното поле во нивната близина. Во тие моменти навидум изгледаат како вонземски структури, вели Томас Вебестер директорот на наномедицинската лабораторија од универзитетот „Нортистер“. Ферофлуидите се изградени од 3 главни состојки. Магнетни наночестици – најчесто како железниот оксид, специјален слој што ги задржува честичките да не се собираат заедно и течност на база на вода или масло. Тоа што ги прави ферофлуидите „магични“ е тоа што може да земете едноставен магнет што може да го движите, а тие на него да реагираат.

Ферофлуидите се атрактивни за користење во вселената или во големите длабочини во морињата. Нивните апликативни можности се за средини во кои човекот не може да допре или да им се приближи. Првиот ферофлуид е измислен од инженерот од НАСА, Стив Папаел, во 1963 година. Неговата идеја била дека ако се додадат овие магнетни наночестици во горивото, ќе може да се пренесува во состојба на нула гравитација во вселената. Неговата идеја не била успешна, но оттогаш идејата за користењето на ферофлуидите е позачестена во средини, кои не се толку научнофантастични.

Ферофлуиди може да се најдат во хард дискови. Ферофлуидите се користат и кај скејтбордите за да се намали триењето. Исто така ферофлуидите се користат кај звучниците за подобрување на звукот. Но во иднината на биомедицината, работите стануваат поинтересни. Затоа што честиците во ферофлуидите се навистина мали, тие можат да се протнат во клетките, вклучувајќи ги и клетките од рак.

– Ако можете да вметнете електронска честица во клетка од рак и да аплицирате магнетно поле, тогаш овие материјали може да се загреат и да ја убијат клетката од рак. Што за разлика од една нормална и здрава клетка не умира толку брзо со зголемување на температурата. Исто така, имаат и дополнителна предност. Повеќето конвенционални лекови за лекување на ракот ќе ја убијат клетката на ракот однадвор.

Со ферофлуидот, кој има висока магнетна моќ, може да се насочи кон центарот на туморот, да навлезе внатре и да го убие однатре туморот. Ако не го убие однатре, тогаш туморот може повторно да зарасне и да се врати назад – вели Томас Вебестер.
Апликативните својства на ферофлуидите се особено возбудливи кога станува збор за мозочни болести. Во овој случај ферофлуидите можат да ѝ помогнат на клетката, наместо да ја уништат. Во нервните болести некогаш невроните не успеваат да се поврзат едни со други. Досегашните истражувања покажуваат дека ферофлуидите можат да помогнат во создавањето на таа конекција. Ако ферофлуидите можат да помогнат невроните да комуницираат подобро, тогаш ќе можат да им помогнат на луѓето да закрепнат од мозочен удар или од Алцхајмерова болест. Ова е од особена важност затоа што нашите досегашни третмани се полоши за проблеми со мозокот, отколку заболувањата од ракот, вели Вебстер. Вебстер и неговиот тим досега ги имаат тестирано ферофлуидите најчесто на глувци. Тие велат дека треба да докажат дека ферофлуидите се сигурни за да почнат да се користат за тестирања врз луѓето. Има работи што сѐ уште не се познати, како на пример што ќе се случи ако наночестиците завршат во органи или во клетки што не се цел. Вебстер вели дека од овие причини се потребни повеќе истражувања, но и дека е потребен поголем интерес од медицинските компании. Многу лица може да го истражуваат апликативното дејство на ферофлуидите со години, но ако не се ангажира медицинската индустрија, тогаш овој материјал ќе биде како другите околу кои имало голема фама, но на крајот не успеале, вели тој.