Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ беше против војната во Југославија, а како порака за мир ја напиша песната „Само да рата не буде“. Токму овие стихови деновиве осамнаа на пано во Украина.

– Стиховите на татко ми на уште едно боиште, за жал, во Украина, преведени на украински јазик. Ова не е ситуација кога гордоста е на прво или второ место, за жал, ова е ситуација кога гордоста е на последно место, додека молитвата, помошта и тагата не постојат. Добив море од пораки кога татко ми замина меѓу ѕвездите, од цела Источна Европа. Тогаш се надевав дека луѓето ќе продолжат да ми пишуваат за неговите љубовни песни, да ме прашуваат дали Божо Пуб и Васа Ладачки навистина постоеле? Но културно-уметничкото друштво „Словенски души“, чии членови се нашите православни браќа Украинци, Белоруси и Руси од Источна Украина, ми испрати порака со една фотографија, на која пишуваше: „Нашата проста душа словенска“, снимена на улиците на Мирноград, областа Донецк, каде што сега ѓаволот ги пали своите кандила. Се надевам дека наскоро Господ ќе му ги изгасне… Нема да се изненадиме ако ни јават дека еден дух лета над Крим, Одеса и над Карпатите и сее мир, како што сееше љубов каде и да одеше – напиша синот на Балашевиќ, Алекса, на социјалните мрежи.

Песната „Само да рата не буде“ е објавена во 1987 година, а во неа Балашевиќ порачува планините да се придвижат, вулканите да се разбудат и да се случи сѐ што може за да не дојде до тоа лудило меѓу луѓето.