Нега и убавина

Спортските патики станаа неизоставен детаљ речиси во секоја модна комбинација. Без оглед дали се облекуваме удобно и лежерно или деловно и формално, добар чифт патики може на вистински начин да го заокружи нашиот изглед и да направи да бидеме модерни и стилизирани во секоја пригода. Освен тоа, блогерките, трендсетерките и модните уреднички ги обожаваат, а секако и сите што практикуваат урбан изглед.

Ако правиме дневна комбинација, патиките се логичен избор, бидејќи нудат практичност и удобност, но тие се добредојдени и ако носиме костум на пруги и други „посериозни“ комбинации, што до скоро беше незамисливо. Во тој случај, тие ќе ни дадат доза на смелост и на личен печат, што секому понекогаш му недостига. Благодарение на растечкиот тренд на носењето спортски женски патики, голем број производители се приспособија со некои иновации – разни панделки за врзување, патики со скриени потпетици, со патенти, светки, со разни апликации, а тука е и можноста за персонализација со цртање со текстилни бои. Доминираат белите и црните, но ги има и во други бои.