Загрижувачки пораки на првиот човек на американската армија

Началникот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, и секретарот за одбрана Лојд Остин се појавија пред Комитетот за оружени служби на Претставничкиот дом во нивното прво сведочење пред Конгресот по почетокот на руската воена операција во Украина. Како што јавува Си-ен-ен, генералот Мили, меѓу другото, им кажал на застапниците во Конгресот дека светот станува сè понестабилен и дека потенцијалот за значителен меѓународен конфликт се зголемува наместо да се намалува.
Двајцата лидери на Пентагон образложиле дека заканите и од Русија и од Кина остануваат значајни, бранејќи ги американскиот пристап кон војната и количеството оружје што САД ѝ ги испраќаат на Украина.
– Се соочуваме со две глобални сили, Кина и Русија, секоја со значителни воени способности, и двете имаат намера радикално да ги променат правилата врз основа на сегашниот глобален поредок. Влегуваме во свет што станува сè понестабилен и потенцијалот за значителни меѓународни конфликти се зголемува – рекол Мили.
Тој додал дека ќе го поддржи формирањето постојани бази на САД во источните земји на НАТО, како што се Полска и Балтикот, но додал дека американските сили треба да ротираат меѓу нив.