Нега и убавина

Очилата за сонце треба да ги истакнат вашите позитивни карактеристики, па затоа е важно да се изберат идеални рамки. Има седум основни облици: тркалезно, овално, долгнавесто, триаголно со база надолу, триаголно со база нагоре, дијамантско и четириаголно.
Овален облик – ова е идеален облик бидејќи има избалансирани пропорции. Затоа изберете рамки што се широки колку најширокиот дел од лицето, а исто така се добри и оние во облик на орев, кои не се премногу длабоки или широки.
Триаголен облик со база нагоре – за да ја намалите ширината на горниот дел, обидете се со рамки што се пошироки на дното, со светла боја или очила без рамки, со лесен проѕирен ефект.
Долгнавесто лице – за да го направиме пократко и поскладно треба да избереме очила што повеќе одат во длабочина, а не во ширина или оние со низок мост, за да се скрати долгиот нос.
Четириаголно лице – изберете потесни и овални рамки со потесни пропорции.
Дијамантски облик – за да ги истакнете очите и да ги омекнете јаболчниците изберете очила што се најизразени во горниот дел, без рамки, или со мачкест облик.
Тркалезно лице – најдобро ќе прилегаат четириаголни рамки.
Триаголно лице со база надолу – изберете нагласени рамки, со боја или детали на горната половина, а се препорачуваат и оние со мачкест облик.