Вие ни пишувате

Здраво другарчиња!
Ние сме ученици од прво Г одделение при ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје. Деновиве направивме прва групна фотографија со сите 22 ученика. Решивме оваа убавина да ја споделиме со сите вас. Всушност, како што може да се види од фотографијата заедно сме многу среќни ученици. Сплотени сме во силно другарство и заемно почитување, си играме заедно, другаруваме, си помагаме меѓусебно. Најмногу од сѐ ја сакаме играта. Цело време на сите одмори сме надвор во убавиот училиштен двор. Игри без граници, учење правила на игра, фер игра и сл. Ете, така се расте – низ учење. Но и правилно се созрева.
Деновиве на сите нас ни дојде пролетта. Таа уште повеќе ни ги отвори срцата, особено 1 април. Еве ви, еден топол шарен, првоаприлски поздрав од нас. И, секако, за крај, драго наше „Колибри“, ти испраќаме пролетна честитка изработена од вредните раце на: Даријан, Мартин, Марко Тушевски, Бисера, Ангела, Лина, Катја, Мила, Стефан, Марко Томовски, Бојана, Марко Смилевски, Петар, Виктор, Марио, Марко Пешовски, Алек, Марија, Софија, Андреј, Вања, Андриа.
А, секако, под раководство на нашите две прекрасни наставнички Александра Гаџоска и Роза Василевска.
До видување до некој следен пат. ВЕ САКАМЕ!

Учениците до 1-г одделение од ООУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје