Медицински совет

Според едно неодамнешно истражување, од 40 до 50 отсто случаи на деменција може да се спречат со промена на животниот стил, а пиењето чај во поголеми количества може да биде првиот едноставен чекор.

Експертот за нутриционизам, професор Џонатан Хоџсон од универзитетот „Едит Ковен“ во Австралија објаснува дека има сѐ повеќе докази дека една-две чаши чај дневно можат значително да го намалат ризикот од деменција и потенцијално од Алцхајмерова болест.

Конкретно, податоците од долгогодишните истражувања открија дека намалениот ризик од деменција е поврзан со консумирање од една до шест чаши чај дневно, со умерено внесување флавоноиди во чајот, кои имаат и антиканцерогено дејство.
Разни студии исто така сугерираат дека пиењето чај е во позитивна корелација со намалениот ризик за карцином на жолчката, дојката, црниот дроб, усната празнина и ендометриумот.