Група научници, со помош на осум радиотелескопи низ светот, наречени „евент хорајзон телескоп“, ја објавија првата фотографија од супермасивна црна дупка лоцирана во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.
Црната дупка, наречена Стрелец А, е четири милиони пати поголема од масата на нашето Сонце и е оддалечена околу 26.000 светлосни години.
Како што беше соопштено на прес-конференцијата, истата соработка е заслужна и за создавањето на првата фотографија што е создадена на црна дупка, која беше објавена во 2019 година.
Црните дупки се екстремно тешки за фаќање, бидејќи се буквално невидливи, поради фактот што нивната гравитација е толку голема што дури ни светлината не може да „избега“ од нив.
„Њујорк тајмс“ пишува дека постојат индикации дека постои црна дупка во центарот на секоја галаксија, која би можела да биде милиони или милијарди пати помасивна од Сонцето. Астрономите сè уште не знаат како црните дупки станале толку големи.
Парадоксално, тие се најсветлите објекти во универзумот, бидејќи имаат способност да апсорбираат светлина. Поголемиот дел од материјата од вселената влегува во нив. Откритијата од 1960-тите години доведоа до тоа да се сфати сериозно идејата дека црните дупки навистина постојат.