Сопругата на Зеленски, Олена, за брачниот живот

Војната во Украина трае веќе пет месеци, а сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена, неодамна во интервју за Си-ен-ен раскажа како оваа ситуација се одразува на нивниот приватен живот.
Олена со новинарката на Си-ен-ен, Кристина Аманпур, разговараше за тоа дека не ѝ е дозволено често да се гледа со сопругот и откри дека и кога ќе го види, тоа е само накратко.
– Ова не е нормално, тоа не е реална врска, кога децата не можат да го гледаат својот татко и можат со него да разговараат само преку телефон. Затоа нашиот брак во моментот е на пауза, како и врските на повеќето Украинци – изјавила Зеленска.
Во првите два месеца, Володимир и Олена воопшто не се гледале, а во последно време, сепак, тоа им е дозволено одвреме-навреме, но само накратко.
– За среќа, тие два месеца кога воопшто не можев да го видам мојот сопруг сега се минато и понекогаш можеме да се сретнеме. Не често и не долго, но заедно сме – изјави првата дама на Украина.
Таа додаде дека војната што е во тек го зема својот данок и моментно не може да се види крајот на нивното страдање.
Да посетиме, претседателот Зеленски и неговата сопруга одбија да ја напуштат земјата кога почна војната на 24 февруари. Првите два месеца претседателот живееше во својата канцеларија со персоналот, а Олена и децата беа на тајна локација.