Според неодамнешна научна студија, фотографиите од планетата Плутон што ги сними НАСА за време на мисијата „Нови хоризонти“ откриле ново изненадување за научниците, заледени вулкани, пренесува Си-ен-ен.
– Пронајдовме поле со огромни ледени вулкани што не наликуваат на ништо што досега сме го виделе во Сончевиот Систем – изјави Келси Сингер, виш научник во Југозападниот истражувачки институт во Колорадо.
Според зборовите на Сингер, она што овие ледени вулкани ги разликува од другите во нашиот Сончев Систем е фактот дека на врвот немаат калдери (геолошки облици што ги создаваат вулканите кога ќе се урнат сами до себе), што сугерира дека ледените вулкани биле активни сѐ до скоро.