Американската вселенска агенција НАСА се здружува со лига на големи сектори, кои го користат потенцијалот на метаверзумот. Целта на НАСА е да има симулации на виртуелна реалност за истражување на Марс.

Интересот за колонизација на Марс расте, компанијата „Спејс екс“ е сѐ поблиску до испраќање луѓе на Црвената Планета, но НАСА исто така работи за подобро да ги подготви астронаутите да останат на Марс. Минатата година се зборуваше дека НАСА сака луѓето да поминуваат време во „марсовско живеалиште“ создадено на Земјата за да дознаат за ефектите од продолжениот престој во вонземска средина, меѓутоа, со оглед на фактот дека не можат да се направат сите симулации во реалниот живот, вселенската агенција се свртува кон метаверзум.

Затоа, НАСА создаде пет категории на симулации на Марс, и тоа поставување кампови, научно истражување, одржување, испитување и визија. Последното сценарио е фокусирано на креативноста и може да се користи за дизајнирање на најбизарните и најимагинативни сценарија.

Пријавите мора да се направат во рок од 80 дена, а за секоја категорија има до четири награди. Предизвикот е отворен за секој што сака да учествува. Користејќи „Анриал енџин 5“, програмерите ќе се обидат да ги изградат своите искуства, кои ќе се користат во рамките на системот за поддршка на операциите на НАСА Марс ХР. Ова опкружување веќе има свет со терен на Марс, реално време, циклуси ден-ноќ, марсовска гравитација и други капацитети, како вселенски костими и ровери. На постојната платформа ќе се градат уникатни искуства, а на предизвикот веќе се приклучија повеќе од 150 тима од целиот свет.