Техно

Научниците од универзитетот „Стенфорд“ развија соларни панели што сè уште работат во текот на ноќта. Со тоа ќе се елиминира потребата од батерии што се користат за складирање електрична енергија.
Панелите ја апсорбираат сончевата светлина во текот на денот и на тој начин се загреваат. Во текот на ноќта тие ја зрачат акумулираната топлина, што се нарекува ладење со зрачење. Тоа создава разлика во температурата на постудените панели и потоплиот воздух. Употребата на овие панели подразбира употреба на термоелектричен генератор. Станува збор за евтин уред што температурните разлики ги претвора во електрична енергија. Може лесно да се инсталира и на постојни панели.
Креаторите истакнуваат дека панелите генерираат помалку енергија во текот на ноќта, во споредба со количеството создадено во текот на денот. Но тие тврдат дека подобрувањата ќе бидат 20 пати поефикасни.