Здрава храна

Ниската температура може да ги уништи текстурата, вкусот и изгледот на некои намирници. Поради тоа некои артикли треба да ги чувате подалеку од замрзнувачот.

Зеленчук богат со вода: во оваа група припаѓаат целерот, ротквичките и салатата поточарка. Поради тоа што овој зеленчук содржи многу вода, значи дека лесно ќе се замрзне, но овој процес ги уништува ѕидовите на клетките и нивната структура.

Јајца: јајцата во лушпа се отвораат при замрзнувањето, а тоа овозможува развој на бактерии.

Кафе: неотворено ќесе свежо сомелено кафе можете да чувате во замрзнувач најмногу еден месец. Но никако не смеете повторно да го замрзнете, бидејќи тоа може да доведе до кондензација, односно впивање на непријатните мириси од замрзнувачот.

Меки млечни производи: киселата павлака, кашкавалот и слатката павлака за шлаг може да станат водести по замрзнувањето.

Компир: замрзнатиот суров компир ја губи бојата, а варениот станува блед и кашест.
Емулзии: замрзнувањето ќе ги претвори мајонезот и преливите за салата во течност.