Необичниот мормонски храм, односно црквата на Исус Христос што се наоѓа во Кенсингтон, Мериленд, со години го привлекува вниманието на јавноста. Имено, оваа прекрасна градба е отворена за јавноста по вторпат во својата историја, а во неа досега можеа да влезат само црковните членови.
Реновирањето на овој објект, кое започна во 2018 година, неодамна заврши и тој е привремено отворен за јавноста. Црквата е отворена за јавноста до 14 август, а илјадници луѓе овие денови се собираат во Кенсингтон за да го посетат мистериозниот мормонски храм.
Оваа зграда се карактеризира со шест кули и статуа од два тона на пророкот Морони, кој свири на труба и е покриена со 24-каратно злато.
Црквата нема прозорци, а светлината допира до внатрешноста преку процепите на каменот. Најмалку светлина има на дното на зградата, а најмногу на врвот. Светлината ја симболизира верата што ги приближува членовите до Бога.
Ова, всушност, е вторпат во историјата на јавноста да ѝ биде дозволен влез во црквата. Последен пат тоа се случило во 1974 година, во пресрет на отворањето, кога храмот го посетиле 750.000 луѓе, вклучувајќи ја и тогашната прва дама Бети Форд.