ШАХ – ЕКИПНО СП ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА

Македонската шаховска репрезентација загуби од Индија со 1,5-2,5 во првото коло на Светското екипно првенство (СП) во шах за слепи и за слабовидни лица во Охрид. На првата табла, Жарко Селковски (рејтинг 1.967) сo црни фигури загуби од Кумар Прадхан Соундариа (1.782), Миле Чапанов (1.951) го победи Ганголи Кишан (2.092), Зоран Костадиновски (1.913) ремизира со Маримутху (1.626), а Санде Атанасов (1.853) загуби од Сах Свапанил (1.652). Во 2-то коло, вчера, Македонија играше со Хрватска. Други резултати од оваа група: Србија – Хрватска 3,5-0,5, Германија – Израел 2,5-1,5, Шпанија – Италија 3-1, а во втората група: Полска – Косово 4-0, Романија – Франција 4-0, Украина – Словенија 3,5-0,5, Унгарија – Бугарија 3-1. По седум кола, најдобрите две селекции од двете групи одат во полуфиналето. Прворангирана пред СП е Полска (просечен рејтинг 2.234), Македонија е 13-та (1.929). Г.И.