Mилениците дејствуваат како антистресна терапија

109

Секое куче, без разлика дали е мешано или од чистокрвна раса, може да дејствува како антистресна терапија на сопственикот. Сепак, за некои видови со сигурност се тврди дека нивното присуство врз луѓето има дејство на апче за смирување. Во текот на приспособувањето на луѓето, кое трае околу 30.000 години, кучето и човекот изградија однос полн со разбирање и доверба.

Златен ретривер и лабрадор-ретривер
Колку златните ретривери и лабрадор-ретриверите се добри за смирување на човекот говори фактот што овие раси најчесто се користат за терапевтски цели, како и за кучиња водичи и трагачи. Извонредно лојални, интелигентни и лесни за обучување, најсреќни се кога се во друштво на луѓе. Ова суштество го сака сопственикот повеќе од себе.

Боксер
Овој секогаш пријателски расположен пес е познат по својата способност да го расположи својот сопственик во секое време. Доколку забележи дека сопственикот е тажен и нерасположен, му се прикрадува и му изнудува галење. Обожава луѓе и најважно му е да му се возврати со љубов.

’Рт
И покрај тоа што можат да трчаат до 57 километри на час, овие грациозни и нежни кучиња претпочитаат да лежат и да се одмораат. Имаат многу нежна и послушна природа и ретко лаат.

Кокер-шпаниел
Припадниците на оваа раса ги сакаат децата, а познато е и дека лесно се поврзуваат со деца со ментални и емоционални проблеми. Па, дури и нивната долга свилена коса може да дејствува смирувачки. Кокер-шпаниелот е лесен за обука, не е плашлив и е крајно подготвен да го задоволи сопственикот.

Бернардинец
Бернардинецот особено ги сака децата. Се карактеризира со големата желба да му угоди на човекот и има висок праг на толеранција. Тој може да се опише како огромен љубовен меур, кој исто така е паметен, заштитнички настроен и е одличен избор за семејства со мали деца.

Јазовичар
Само поглед кон малото весело долго тело и кратки нозе е доволен да измами насмевка, а неговата палава природа расположува и смирува и во најтешките денови. Се карактеризираат со заштитнички карактер и голема желба за галење.

Француски булдог
Станува збор за минијатурна верзија на англиски булдог, која исто како и другите булдози, има прекрасен карактер. Обожава да е во центарот на вниманието. Приспособливи се и имаат умерен карактер, па на луѓето дејствуваат како антидепресив. Сакаат да играат и се вистински забавувачи.

Јоркширски териер
Според преданијата, за време на Втората светска војна,Чарлс Мејо со себе водел јоркширски териер. Тој дејствувал многу позитивно за војниците и им го подобрувал расположението, така што бил прогласен за првото терапевтско куче.

Мопс
Многумина ќе речат дека не е многу сладок, но овој пес освојува со својата шармантност, разиграност, послушност и интелигенција. Сака да му се посветува внимание и секогаш е расположен за галење.

Бернско планинско куче
Оваа швајцарска раса е одгледувана за физичка работа, што значи дека е лесно да се дресира и обожава да го направи својот сопственик среќен. Тие се најсреќни кога го поминуваат времето со своето човечко семејство.
Сакаат да го опсипат сопственикот со лојалност и љубов.