Куќата изградена наопаку во близината на колумбиската престолнина Богота и езерото Гуатавита стана локална туристичка атракција. И целиот мебел во „Каса лока“, како што ја нарекува локалното население, е поставен наопаку.
Всушност станува збор за оптичка илузија, бидејќи зградата е накосена за пет степени налево и пет степени навнатре.
Овој проект го осмисли Австриецот Фриц Шал, кој во оваа јужноамериканска држава живее веќе 22 години. Тој бил инспириран од една градба во неговиот роден крај. Работите почнале пред две години, а за помалку од еден месец оваа атракција ја посетиле голем број посетители.
Да се изгради Лудата куќа воопшто не било лесно, а многумина не можат да им веруваат на своите очи кога ќе влезат во уникатното здание.