Нега и убавина

Кремот со сончање од минатата година може да ја оштети кожата, а стручњаците објаснија и како. Општо е познато дека заштитата од сонце е неопходна, особено во текот на летото. Дури и ако времето е облачно, тоа не значи дека опасноста од ултравиолетовите зраци е неутрализирана. Поради тоа, важно е да се користи крем со заштитен фактор, но, секако, да се внимава на рокот на траење. Веројатно деновиве, пред да одите на одмор, се прашувате дали можете да го користите ланскиот крем. Двајца експерти за порталот „Ромпер“ објаснија како можете да проверите дали на кремот му поминал рокот, бидејќи датумот може и да се избрише, и што може да се случи ако користите средство со истечен рок.

– Не препорачуваме користење крем со поминат рок. Може да се случи полесно да изгорите, бидејќи активните хемикалии што штитат од сонцето со текот на времето се разградуваат. Во најлош случај, може да добиете изгореници, кои ќе ја оштетат кожата и ќе го зголемат ризикот од развој на карцином – велат дерматолозите.
Со разградувањето на активните состојки на кремот со истечен рок, може да се иритира кожата. Кремовите за сончање се ефикасни три години. За да се одржи оптималниот рок на траење на средството за сончање, потребно е да се чува на собна температура и на темно место. Знаци дека кремот се расипал се: промена на бојата, конзистенцијата или мирисот. Па, дури и ако нема такви знаци, а рокот е поминат, најдобро е да го фрлите, пишува порталот „Ромпер“.