Дали сте знаеле…

Знаете ли дека прашањето од каде потекнува сладоледот е една од гастрономските загатки што веројатно никогаш нема да го добијат својот вистински одговор.
Се смета дека првиот сладолед е направен во Кина или во древна Персија. Таму првпат е создаден десерт со овошје и здробен мраз или планински снег. Но тоа исто така можело да се случи и во некоја друга земја каде што мразот бил лесно достапен, како и слаткиот дел што бил ставан во него.
На почетокот, сладоледот бил без млеко и без шлаг. Тој својата најголема популарност ја стекнал во Италија, каде што претходно омилен десерт било сорбето – мешавина од здробен мраз, шеќер и разни ароми.
Минале неколку века и најпосле се појавил сладолед сличен на денешниот, со млеко и слатка павлака. Се смета дека сладолед каков што јадеме денес најпрво е направен во Неапол, Италија, во 18 век.