Какви општини имаме

Познато е дека во земјава постојат општини и населени места. Тие се регулирани со Законот за територијална организација на локалната самоуправа, кој е донесен во 2004 година, како последен закон од оваа област. Во изминатиот период, од 2004 година до денес, неколкупати се направени одредени измени и дополнувања. Така што денес во земјава постојат 80 општини и 1.783 населени места. Во интерес на земјата е, секако, тие да се следат од повеќе аспекти, а во овој момент би се задржал на одредени состојби за кои се добиени податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите спроведен во септември 2021 година.
Состојби што би биле актуелни за земјата, како за наши потреби така и за меѓународни, поради нивна споредливост и анализи, има повеќе и затоа би се задржал на главните моменти за нив. Тоа би се однесувало на бројот на населението, домаќинствата, становите, површината, населеноста, големината, раселеноста, кои се во функција на нивниот развој и потребните преземање мерки и активности од нивните состојби.
Според добиените податоци од пописот, бројот на населението во периодот од последниот спроведен попис во 2002 година до пописот од 2021 година е намален за 185.834 жители. Бројот на домаќинствата е зголемен за 34.336, а на становите за 141.031. По општини, зголемено население има во 14, и тоа 13 во Скопскиот Регион и една во Вардарскиот, што значи дека во 66 општини бројот на населението е намален. За разлика од нив, во однос на бројот на домаќинствата, во 44 општини тие се зголемени, а во 36 намалени, како и бројот на станови, каде што нивниот број е зголемен во 69 општини, а во 11 е намален. Секако дека е важно како се движат овие состојби и по региони и општини, меѓутоа тоа е поширока расправа и длабинска анализа. Најважна за анализа е секако и состојбата со населените места каде што со пописот 207 населени места се раселени или опустошени. За нив е важно дали се раселени со население и објекти или само со население. Истовремено е важно какви се нивната големина, возрасна структура и активност. Ова го наведувам од причина што депопулацијата е длабока во земјава.

Секако дека е логично дека истите тие не се еднакво распределени по општините, кои се различни по број во регионите, истите тие немаат иста површина, истите тие немаат ист број населени места, истите тие немаат ист број домаќинства и станови, иста густина на населеност, ист број на членови на домаќинства и други карактеристики. Затоа, ако се анализира со какви промени се среќаваат општините, ќе се забележи дека во одделни општини е зголемен бројот како на населението така и на домаќинствата и становите (13), во други се намалени населението и домаќинствата, а зголемени становите (25), во трети е намалено населението, а зголемени домаќинствата и становите (30), или намалени население и станови, а зголемени домаќинства (1) и зголемени население и станови, а намалени домаќинства (1).
Колку население има до одредена граница до 5.000 жители се 16 општини, а претходно биле 14, што значи дека има сѐ помали општини. Тие се различно разместени по региони, а најмногу ги има во Југозападниот Регион – 4. Во оваа група општини најмала е општината Зрновци, со 2.086 жители, а најголема Пласница, со 4.222 жители. Групата општини со население од 5.001 до 10.000 жители има 17 општини, каде што најмала е Маврово и Ростуше, со 5.042 жители, а најголема е Чучер Сандево, со 9.200 жители. Општини со население од 10.001 до 20.000 жители се 19. Како и претходните две групи, и оваа група општини се застапени во сите осум региони во земјава. Општини со поголем број на жители од 20.001 жител се 28, и тоа до 30.000 се 6, до 50.000 жители се 10 и над 50.001 се 12 општини.

Веќе беше споменато дека општините не се еднакво големи по својата површина, ниту пак со население и број на населени места. Овие податоци предизвикуваат длабински анализи, бидејќи треба, секако, посебна тема и да биде солидно елаборирана, а сега само одредени состојби што се констатирани. Познато е дека густината на населеност во земјава изнесува 72,2 жители на еден квадратен километар, но по општини таа е различна во зависност од големината на површината и бројот на населението, истото тоа е важно и за регионите. Најголем регион е Пелагонискиот, со површина од 4.723 квадратни километри, а најмал е Скопскиот, со 1.848 квадратни километри. Најголема општина по површина е Прилеп, па Кавадарци, Македонски Брод, Маврово Ростуше, Кичево, Битола итн. Овие општини имаат и голем број населени места и имаат голема густина како на населеност по населено место така и густина на површина. Одделни рурални општини имаат мала површина, а поголем број население и сѐ погусто населено (поголемите скопски општини и Арачиново, Липково, Врапчиште, Боговиње, Желино, Брвеница итн.). Поголем дел рурални општини имаат голема површина, малку население, а со тоа и поретка населеност, како и помал број членови на домаќинствата, просечно по 2,6, за разлика од оние со поголем број население, кои имаат помеѓу 4 и 5 члена по домаќинство и затоа просечниот број е 3,1 на ниво на земјата.
Наведените состојби по општини се актуелни за расправа по вака направените анализи по повеќе наведени параметри што се потребни и за меѓународна соработка, обврска и натамошни планирања и водење политики.
Постојано се поставуваат и прашања што се актуелни за бројот на општините дали се многу или малку. За формирање на истите тие постојат критериуми за нивната функционалност, одржливост, унапредување, за квалитетот на животот, за условите за нивни развој итн. Се поставуваат прашања и за зависноста на општините од централната власт и затоа има мислења и размислувања општините да се спојат, но и за тоа се потребни критериуми и многу други предлози од експерти или стручњаци што се занимаваат со локалната самоуправа.

Во таа насока би напоменал дека и нашите општини се правени по одредени критериуми, а тоа го знам добро бидејќи учествував и во двете територијални промени, како на оние 123, така и на оние 84, а потоа на 80. Затоа предлагам, како и во многу други состојби во земјава, да се размислува и за добра стратегија за надминување на состојбите од повеќе аспекти. Тоа е потребно затоа што во целта на наведените состојби и направени анализи тоа е неминовно, за да не говорам за рамномерниот развој на земјава, регионалниот развој, изборите, другите планирања што се во функција на развојот на земјава.
Затоа сакам на крајот само да направам и една мала дигресија во споредба со одредени поранешни републики од поранешна Југославија, како што се Словенија, Хрватска и Србија. Словенија има површина од 20.273 квадратни километри, околу 2.100.000 жители, 12 региони, 212 општини и 6.036 населени места. Хрватска има површина од 88.073 квадратни километри, околу 3.800.000 жители, 21 жупанија, 428 општини и 6.757 населени места. Соседна Србија има 88.499 квадратни километри, 4 региони, 198 општини, 6.158 населени места. Сега се поставува прашањето како овие земји со вакви состојби функционираат, а особено Словенија, која е помала, а соодносот во сите други показатели не е за расправа туку за размислување на надлежните. Затоа само препорачувам, посочувам и укажувам дека во оваа насока треба доста да се работи, да се црпат знаење, искуство, стручност, познавање и заинтересираност, за да дојдеме до подобри состојби. Затоа во сите земји постојат стратегии.

М-р Дончо Герасимовски

(Авторот е поранешен директор на Државниот завод за статистика и демографски аналитичар)