Уште од времето на Чарлс Дарвин, биолозите се интересирале за тоа како животните преселници, како што се морските желки, минуваат илјадници милји на патувања низ отворен океан.
Новото истражување сугерира дека некои од желките немаат поим каде одат. Анализата на меѓународен тим научници ги мапира движењата на морските желки (Eretmochelys imbricata) додека пливаа од нивните гнезда во архипелагот Чагос до местото за хранење, исто така во Индиски Океан.
Истражувањето покажа дека желките често користеле заобиколување кога мигрираат на кратки растојанија, што укажува на тоа дека навигациското чувство на овие животни на море е релативно недоволно развиено.
Желките обично патувале двојно повеќе од растојанието што им било потребно за да стигнат до локацијата што ја сакале. Една желка испливала дури 1.306 километри за да стигне до остров оддалечен само 176 километри, пренесува „Гардијан“.