Интересни факти за птицата колибри

Колибри (науч. Trochilidae) – семејство птици што се блиски со сродните вистински чиопи (Apodidae) и со чубастите чиопи (Hemiprocinidae), сите заедно влегуваат во заедничкиот ред на чиопите (Apodifoemes). Одредени автори ги издвојуваат колибријата во сопствен ред. Семејството на птицата колибри има повеќе од 100 рода и околу 330-340 вида.

Изглед и градба на телото – колибријата се многу мали птици. Најмалите колибрија, кои истовремено се најмал вид птици воопшто, Mellisuga helenae, заедно со клунот и пердувите на опашката се долги само шест сантиметри. Најголем вид е Patagona gigas, а големи се околу 25 сантиметри. Поголемиот број колибрија имаат шарени пердуви, по правило со метален сјај.

Особености – колибријата имаат многу голема фреквенција на замавнување со крилјата, дури до 80 замавнувања во секунда. Тоа им овозможува лет на страна и наназад, а можат да лебдат во воздухот во едно место. Уште една особина на птицата колибри е што има осум пара ребра, другите птици имаат по шест. Срцето им работи со 400-500 удари во минута, дури и кога одмораат, а најбрзото отчукување на срцето изнесува 1.260 удари во минута. Бројот на вдишувања во минута им е 250. Додека спијат, драстично им се смалува фреквенцијата на удари на срцето.

(Извор: Википедија на македонски јазик)