Ако на вашата рерна ѝ треба чистење, но ви здодеало да поминувате часови во триење, постои решение што ќе ви помогне. Имено, една жена на Тикток открива трик како да ја исчистите рерната без напор, и тоа додека спиете.
На нејзиниот профил таа објави видео во кое објаснува како да ја исчистите рерната со три состојки што секој ги има дома – сода бикарбона, вода и детергент за садови.
Сѐ што треба да направите е да измешате половина шолја сода бикарбона, една лажица детергент и вода во еден сад. Потоа оваа смеса нанесете ја во рерната и оставете да дејствува прекуноќ.
Следното утро само земете крпа и избришете ја рерната за да ја извадите целата смеса. Откако ќе ја извадите целата смеса, можете да ја избришете рерната со алкохолен оцет како дополнителен начин на чистење.
Таа вели дека сода бикарбоната помага да се разбие нечистотијата во рерната, додека детергентот за миење садови ги омекнува наталожените маснотии.