Заедничка акција на наставниците и на учениците

Во објектот два во ООУ „Васил Главинов“ во Велес, деновиве владееше работна атмосфера. Наставниците, заедно со неколкумина талентирани ученици, повторно го нацртаа интерактивно училишниот двор. Целта беше времето на одморите и на часовите по Физичко образование да го искористат преку учење низ игра.
Боите ги донираше госпоѓата Вера Благојевиќ од Битола, за што првите луѓе на училиштето ѝ се многу благодарни.
Се надеваме дека ова ќе биде убав пример и за другите училишта.