На 6 мај се наврши една година од раѓањето на деветорката од Мали, четири момчиња и пет девојчиња. За среќа, сите бебиња се добро, учат да одат и се весели и здрави.
Нивниот татко Абделкадер Ареби, офицер во војската на Мали, откри дека дечињата напредуваат и дека неговата сопруга Халима Кисе (26) вложува максимален напор да ги заврши сите обврски, а тие навистина не се малку.

Инаку, мајката и децата сѐ уште се на клиниката во Мароко во која дојдоа на свет со царски рез, за да бидат квалитетно згрижени. На роденденската забава отиде таткото со нивната тригодишна ќерка.

– Пресреќен сум што сме сите заедно – рече тој.
Инаку, овие бебиња го соборија Гинисовиот рекорд за бројот на родени здрави бебиња. Родени се во 30-та недела од бременоста, а кога дојдоа на свет имаа од 500 грама до еден килограм тежина.
Сите имаат различен карактер, некои се тивки, други викаат, трети плачат, четврти спијат, а петти сакаат постојано да ги држиме во рака – вели таткото Абделкадер, кој дополни дека во Мали сите едвај чекаат да им подготват свечен пречек на деветте бебиња.

Непосредно пред породувањето лани, мајката беше сместена во болницата „Поинт Џи“ во главниот град на Мали, Бамако, а потоа беше испратена во Мароко, каде што по посредувањето на претседателот на Владата на Мали, Бах Н’дав, им е дадена квалитетна нега.